Македонскиот економски самит во организација на Македонија 2025 во ноември

20

MAcedonia 2025 Logo LG

Од 18 до 20 ноември во Скопје ќе се одржи Македонскиот економски самит во организација на Македонија 2025. Фокусот на овогодинешниот Самит е како да се поврзе Македонија со поширокиот регион имајќи ги предвид глобалните движења и нивните влијанија на економиите во развој, се вели во соопштението.

“Самитот претставува платформа за воспоставување комуникација помеѓу македонската деловна заедница и гостите од странство, со цел да се трасира патот на развојот на домашната економија. Самитот е наменет за сите компании, организации и поединци кои се засегнати со темата одржлив развој на економијата на Македонија, но и воспоставување деловни односи со меѓународни партнери“, се вели во соопштението.

Дел од говорниците на Самитот се Хери Кремер, Професор по стратегии на Школата за менаџмент Келог од САД и автор на бестселери за лидерство засновано на вредности; Џејмс Логан Џонс, поранешен советник за безбедност на Претседателот на САД, Гуру Банавар, Извршен директор за технологии на IBM, претставници на Одборот на директори на Македонија2025 и светски реномирани економисти и менаџери.

Во изминатиот период, Македонија2025 успешно организираше два самити во Охрид, како и два бизнис форуми во Торонто и Париз. Овие настани резултираа со повеќе од 30 работни сесии на кои учествуваа 100 говорници од Македонија и од 40 други земји низ светот, кои ги проследија повеќе од  900 гости. Од оваа интеракција произлегоа 200 билатерални средби помеѓу компаниите.