Македонските вина претставени на кинескиот пазар во Анхуи

19

hitportal-vinoНа саемот што се одржува во Хефеи, главниот град на кинеската провинција Анхуи од денес се презентираат Македонските вина од пет винарии.

Ова е одлична можност за промоција на вината на Тиквеш, Сковин, Далвина, Дудин и Еземит пред големиот пазар на оваа кинеска провинција која брои 80 милиони жители.

Македонската делегација предводена од државниот советник во Министерството за земјоделство Перица Ивановски веќе оствари средби со помошникот министер на кинеското Министерство за земјоделство Нуи Дун, гувернерот на провинцијата Анхуи, Ванг Ксуејун и генералниот секретар на кинеската асоцијација на увозници и извозници на вино CAWS, Ванг Ксувеи.

На состаноците е договорено да се преземат нови иницијативи за продлабочување на соработката и подобрување на маркетингот на македонското вино на кинескиот пазар.

Овие саемски активности се втора од трите планирани манифестации за годинава кои се предвидени во програмата на Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за организирано претставување на македонските вина на кинескиот пазар.