Македонските винарии на саем за вино во Германија

37

ProWein 2010На саемот за вино ProWein во Дизелдорф, Германија ќе учествуваат и девет винарии од Македонија.

На македонскиот национален штанд винариите Тиквеш, Сковин, Стоби, Далвина, Бовин, Камник, Езимит, Дудин и Попова Кула ќе ги презентираат своите вина пред дистибутери, увозници и други професионални купувачи на вино од целиот свет.

ProWein, што се одржува од 24 до 26 март, е водечки меѓународен саем за вино и алкохолни пијалоци во Европа каде своите вина ги промовираат 50 вински земји во светот. Секоја година саемот го посетуваат 37.000 луѓе од целиот свет.

Учеството на македонските винарии го организира здружението Вина од Македонија.