Македонско – Албански бизнис и инвестициски форум во Тирана

44

rakuvanjeВо Тирана, Албанија, денеска се одржува Македонско – Албански бизнис и инвестициски форум, во организација на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извоз на Република Македонија (АСИПИРМ), преку македонскиот економски промотор за Република Албанија и Косово, г-дин Фатос Мустафа, со поддршка на Амбасадорот на Република Македонија во Албанија, г-дин Стојан Карајанов и во соработка со Стопанската комора на Северо-западна Македонија и ЦЕЕД Македонија.

Целта на овој настан е продлабочување на соработката на компаниите – производители на прехранбени производи од Македонија и компаниите од Косово и Албанија кои се заинтересирани за откуп на производи од земјава. На настанот ќе бидат присутни компании кои работат со увоз и дистрибуција на прехранбени производи за поголемите ланци на супермаркети и кои имаат интерес за соработка со македонски компании – производители на свежо овошје и зеленчук, вино, млеко, месо, кондиторски производи и тестенини.

Во рамките на форумот ќе биде организиран и Мини саем на македонски производи – пијалоци, вино и храна, како и B2B нетворкинг настан, каде македонските производители ќе имаат можност на сопствени штандови да ги презентираат своите производи пред потенцијалните купувачи од Косово и Албанија.