Македонско – австриската бизнис асоцијација донираше Medin – cno апарат за Детската клиника

62

Picture 012

Организацијата којашто ги обединува сите австриски компании кои работат во Македонија (МАБА) денеска во Универзитетската клиника за детски болести донираше Medin – cno апарат.

MedinCNO назален CPAP е апарат за неинвазивна механичка вентилација. Се работи за апарат со интегрирани модови nCPAP, Apnea, CPAP, SNIPPV, Oscillation. MedinCNO обезбедува неинвазивна позитивно притисочна вентилација, особено кај предвреме родените деца, со што се спречува и лекува веќе настанат колапс на белите дробови.

“Оваа донација значително ќе ја подобри работата на клиниката за детски болести, односно одделот за интензивна нега и терапија. Нашата иднина се децата, а здравјето уште од почетната фаза на животот е императив за нивен понатамошен развој”, изјави Аспазија Софијанова, директор на  Универзитетската клиника за детски болести

“Оваа донација не е само акт на хуманост, туку и должност на секоја организација да помага и да се грижи за оние на кои им е тоа најпотребно, а тоа се децата”, изјавија претставниците на Македонско – австриската бизнис асоцијација.