Македонско-бугарска бизнис соработка за регионален развој

22

Претставници од Македонско-бугарската стопанска комора и Советот за развој на источниот плански регион денес ќе остварат средба каде ќе се дискутира на повеќе различни теми.

Дел од нив ќе бидат јакнење на принципот за јавно приватно партнерство, стимулирање на развојот на локално и регионално ниво, потикнување, добивање и реализација на заеднички проекти во меѓугранична соработка, регионален развој, екологија и енергетска ефикасност, како и развој на човечки реусрси.

На средбата ќе присуствуваат заменик министерот за локална самоуправа Ѓоргија Сајкоски и амбасадорот на Бугарија во Македонија Иван Петков, а ќе биде потпишан меморандум за соработка.