Македонско – бугарски бизнис експо денови

16

Во организација на Македонско – бугарската стопанска комора, општините Штип и Кочани, Центарот за развој на Источно – планскиот регион и Универзитетот Гоце Делчев, денеска и утре се одржуваат Македонско – бугарски бизнис експо денови.

Во рамки на првиот ден се предвидени дебати на повеќе теми, меѓу кои соработка и комплементарност на двете економии во функција на нивно интергирање во освојување трети пазари и финансиски потенцијали на банките за развој на Македонија и Бугарија за кредитирање на извозно – ориентираните компании.

Во Кочани ќе се одржи дебата на тема “Локалните власти, како до заеднички меѓугранични проекти“.

На Македонско – бугарските бизнис експо денови се очекува да присуствуваат вицепремиерите на двете земји.