Mакедонско-италијански бизнис форум

22

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Стопанската комора на Милано, во рамките на Проектот РИСЕЕ, Италија – Југоисточна Европа, организира билатерални бизнис-средби со компании од Италија.

Имено група италијански бизнисмени, на 13 ноември (среда) ќе ја посетат државава, со цел да воспостават деловни контакти со македонски компании.

Бизнисмените ќе се запознаат и со можностите за инвестирање во нашата земја и со потенцијалите за водење бизнис во неколку стопански сектори.

Во рамките на нивната посета, ќе биде организиран Македонско-италијански бизнис-форум, кој ке има за цел воспоставување билатерални деловни контакти со македонски компании, кои би се јавиле како нивни потенцијални деловни партнери.

По завршување на официјалниот дел на бизнис-форумот, планирани се билатерални разговори со италијански компании од неколку стопански сектори. Бесплатните деловни средби ќе се одржат во среда, со почеток во 15 часот, во Стопанската комора на Македонија.

Сите заинтересираните за деловни средби со партнери од Италија треба да го најават своето присуство најдоцна до понеделник.