Македонско – јордански бизнис форум

22

Претставници и од реномирани јордански компании, членки на Јорданската европска бизнис асоцијација и Стопанската комора на Јордан, денес престојуваат во посета на Македонија.

По тој повод во Стопанската комора на Македонија ќе се одржи македонско-јорданскиот бизнис форум со цел јорданските бизнисмени да воспостават деловни контакти со македонски компании.

Исто така планирано е и потпишување на меморандум за соработка меѓу Стопанската комора на Македонија со Јорданската Европска бизнис асоцијација и Стопанската комора на Јордан, со што ќе биде иницирано и формирање на Македонско-јордански бизнис совет.