Македонско – руската стопанска комора одбележува 10-годишнина

25

Македонско – руската стопанска комора одбележува 10-годишно делување во насока на економско поврзување меѓу Република Македонија и Руската Федерација. Годишнината ќе ја одбележат задутре во Скопје на која, покрај истакнување позначајни активности реализирани во текот на изминатите 10 години, ќе бидат презентирани и идните планови и ангажмани на Комората во правец на задржување на континуитетот, развојот и натамошното успешно делување, пишува Миа.

Идејата за создавање на оваа организација произлезе пред 10 години од група ентузијасти за продлабочување и проширување на економската соработка меѓу Македонија и Русија. Идејата ја промовираа во рамки на третата меѓувладина седница одржана на 25 март 2005 година во Скопје.

Најзначајниот ангажман на Македонско-руската стопанска комора е нејзиното вклучување во работната група за трговско – економска соработка при Меѓувладината комисија предводена од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Според Комората, тоа е потврда за капацитетот и стручноста на Македонско – руската стопанска комора во креирањето на политиките во економските односи со еден од најзначајните трговски партнери на нашата земја.

Како резултат на напорите на Комората е потпишаниот договор за партнерство со Стопанската комора на Руската Федерација, како и со шест регионални руски стопански комори, преку што се остварува интензивна и плодна соработка.