Македонско – шведска соработка: Помогнете за да помогнеме

23

thumbnail_img_0743

Во Македонија од неодамна почна да функционира шведската инвестиција Рекоинвест, која нуди наградно-забавна апликација за паметни телефони.

„Како шведска инвестиција во Македонија, првичната идеја е Рековинст да се развие како апликација за паметни телефони, од наградно-забавен карактер, во која корисниците имаат шанси да добијат одредени награди, спонзорирани од фирмите коишто се рекламираат на апликацијата. Значи, ние нудиме простор за рекламирање на апликацијата и на компаниската интернет страница. Од друга страна, концептот на работа на апликацијата е едноставен каде корисникот има шанси да освои награда, гледајќи ги огласите и одговарајќи точно на поставените прашања. Апликацијата е компатибилна за работа на Android и iOS системи“, вели Мартин Стоев, претседател на Рековинст Македонија.

Според него, Рековинст соработува со многу хуманитарни организации, како што е СОС Детското село и досега донира таму каде што е најпотребно.

„Организиравме неколку хуманитарни акции и собиравме пари за обновување на изгорениот дом на нашиот сограѓанин Никола Александров од Велес. Рековинст, како компанија е отворена за секаков вид на хуманитарна соработка и проекти, во кои исто така можат да бидат вклучен самите читатели и корисници на апликацијата“, додава Стоев.

За амбасадорот на Рековинст во Македонија, актерот Зоран Љутков, станува збор за „компанија која нуди нешто различно од останатите, сака да помага на оние кои им е најпотребно и успева во тоа. Помогнете им да помогнат“.

Компанијата, исто така, отвори своја интернет страница со забавен карактер www.rekovisnt.mk, со единствена цел да се популаризира апликацијата и компанијата во Македонија.

Android https://play.google.com/store/apps/details?id=mk.rekovinst.app
iOS https://itunes.apple.com/se/app/rekovinst-mk/id1093152672?l=en&mt=8

Шведската фирма Рековинст АБ двои средства од нивниот профит и ги донира кај организации кои се грижат за дечињата болни од рак. Главната мисија на Рековинст Македонија е таа идеја да се пренесе и во земјава и да се подигне свеста на младите луѓе и компаниите да донираат таму каде што е најпотребно.