Македонско – турски бизнис форум

14

kancelarija

Фото: Pixabay

Околу 20 компании од Адијаман, источна Турција, денеска ќе имаат директни средби со македонски фирми на бизнис форум што го организира Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО), јавува Миа.

Како што соопшти МАТТО, целта на посетата на бизнис-делегацијата од Адијаман е запознавање со можноста за соработка во прехранбениот сектор, текстилот, градежништвото, рударството, опремата за различни индустриски сектори, хотелиерството и туризмот, како и скенирање на деловната и инвестициската клима во Македонија, Србија и Косово.