Македонско – унгарска деловна средба во СКМ

24

Стопанската комора на Македонија (СКМ) во соработка со Министерството за економија и Амбасадата на Република Унгарија денеска организира деловна средба во рамки на подготвителниот состанок на Мешовитата комисија, по Договорот за економска соработка меѓу владите на двете земји.

На состанокот ќе се даде поддршка на иницијативата за потпишување меморандум за соработка од страна на Стопанската комора на Македонија и Аграрната комора на Унгарија, со цел зголемување на соработката во овој сектор. Ќе се предложат и мерки за унапредување на соработката меѓу фирмите од двете земји, како и соработката со останатите регионални комори во рамките на Стопанската комора на Македонија, првенствено во областа на земјоделството, но и во останатите дејности карактеристични за тие региони и на барање на компаниите.

Од македонска страна, на состанокот ќе присуствуваат потпретседателот на Стопанската комора на Македонија Јелисавета Георгиева и соработниците, а од унгарска страна, Левент Маџар, државен секретар при Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија, како и Јожеф Бенце, амбасадор на Унгарија во Македонија.