Македонско – унгарски бизнис форум

45

Сојузот на стопански комори на Македонија, во рамки на саемот Технома 2016 година, организира македонско – унгарски бизнис форум.

Официјални обраќања на форумот ќе имаат Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија и Ласло Дукс, aмбасадор на Унгарија во Македонија. Пред присутните ќе говорат и Ервин Сзел, економски советник во Амбасадата на Унгарија во Македонија, Маја Костова од Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на РМ и Роберт Добо, проектен менаџер за Македонија при Унгарска национална трговска куќа.

Целта на македонско – унгарскиот бизнис форум е подобрување на меѓусебната соработка, остварување на директни контакти со компаниите од Унгарија во насока на креирање можности за воспоставување конкретна деловна соработка и зголемување на продажбата на домашните производи и услуги, информираат од Сојузот на стопански комори.

На Бизнис форумот ќе присуствуваат унгарски компании од  секторите за производи за винска индустрија, производство и продажба на алуминиумски профили, производство на синџири, додатоци за синџири, пластични садови, производство на систем – Термален Блок за изградба на куќи од А+ категорија ниско енергетски потреби или пасивни куќи, компании од хемиска индустрија и други.