Макошпед за 2018 година проектира добивка од 512.144 денари

2

makosped

Компанијата Макошпед планира во 2018 година да оствари добивка пред оданочување во износ од 512.144 денари, покажува Деловниот план за 2018 година.

За изработка на планскиот биланс на успех за 2018 година се поаѓа од претпоставки, иницијални големини, базирани на искуства и стручни знаења на менаџментот, практични сознанија и сопствени пресметки.

Во проекцијата се внесени неколку претпоставки:

  • Вкупна разлика во цена за 2018 година се предвидува да се зголеми за 10% во споредба со разлика во цена од 2017 година;
  • Приходите од закупнини – врз основа на склучените договори за закуп се предвидува да изнесуваат 11.500.000 денари;
  • Останати приходи, вонредни приходи и приходи од наплатени отпишани побарувања се предвидува да изнесуваат 500.000 денари;
  • Дивидендата се очекува да изнесува 5.100.000 денари
  • Приходи од преквалификувани трошоци се предвидува да изнесуваат 2.500.000 денари.

Компанијата се занимава со царинско застапување, секаков вид на транспорт, осигурување на стока при транспорт, увоз-извоз, маркетинг и складирање.