Макошпед за девет месеци евидентираше загуба од 2,3 милиони денари

10

makosped

Компанијата Макошпед, од први јануари до 30-ти септември оваа година, евидентираше загуба од 2.351.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период минатата година, компанијата оствари добивка од 13.105.000 денари.

На крајот на септември оваа година, вкупните приходи од продажба изнесуваа 43.195.000 денари. Од тој износ на домашен пазар отпаѓаат 43.068.000 денари, додека реализацијата на пазари во странство беше 127.000 денари.

Основна дејност на компанијата е царинско застапување, транспорт, осигурување на стока при транспорт, увоз – извоз, маркетинг и складирање.