Макошпед за следната година проектира 6,6 милиони денари добивка пред оданочување

19

makosped

Шпедитерската куќа Макошпед за следната 2017 година планира да оствари 6.637.110 денари добивка пред оданочување, покажува Деловниот план за 2017 година, објавен на Македонска берза.

“Во 2017 година се планира вкупните приходи да изнесуваат 57.220.000 денари, вкупните расходи да изнесуваат 50.582.890 денари и да се оствари 6.637.110 денари добивка пред оданочување“, стои во Деловниот план.

За изработка на овој план, како што се наведува, предвид се земени минатото искуство, остварените резултати во период од девет месеци од 2016 година, техничка и кадровска опременост на компанијата, како и предвидувањата на раководителите од компанијата кои постојано ја следат побарувачката и економската стабилност на пазарот, идниот растеж на економијата и движењата на цените.

Макошпед се занимава со царинско застапување, секаков вид на транспорт, осигурување на стока при транспорт, увоз – извоз, маркетинг и склардирање.