Макпетрол со загуба од 129,5 милиони денари заокружи девет месеци од 2015 година

22

makpetrol

Нафтената компанија Макпетрол, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна загуба од 129.555.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата прикажа загуба од 34.105.000 денари.

За девет месеци од оваа година, Макпетрол оствари 13.933.935.000 денари вкупни приходи од продажба. Од нив 13.343.996.000 денари се остварени на домашен пазар, додека 589.939.000 денари се остварени на странски пазари.

Вкупните приходи од продажба во првите девет месеци од 2014 година се позиционираа на 15.387.838.000 денари, од кои на домашен пазар се реализираа 14.859.603.000 денари, додека на странски пазари се реализирани 528.235.000 денари.