Макпрогрес Виница со нова инвестиција и нов иновативен бренд – Фантазија

137

okiРеномираната македонска кондиторска компанија Макпрогрес вчера официјално го пушти во употреба новиот погон за производство, преработка и пакување на новиот бренд Фантазија. Станува збор за линија на полуготови производи создадени според потребите и барањата на модерните потрошувачи, што ќе им овозможат брза и лесна подготовка на омилените рецепти.

Инвестицијата во вредност од 650.000 евра, ќе обезбеди нови вработувања, како и зголемување на извозните капацитети на компанијата.

jkТехнолози, дизајнери и маркетери од Макпрогрес повеќе од две години посветено работеа на креирањето на асортиманот, неговото тестирање и лансирање.

Брендот Фантазија на македонскиот пазар ќе понуди иновативни производи за брза, успешна и лесна подговотка на разни рецепти. Асортиманот на Фантазија го сочинуваат полуготови миксови за колачи или солени кекси, како и додатоци за колачи и кулинарство што се користат за подготовка на колачи, крекери, мафини како и голем избор на декорации за десерти.

fa

“Како што кажува и самото име Фантазија, се работи за фантастичен избор на полуготови јадења, подготвени според желбите на модерните потрошувачи, кои имаат се помалку време за готвење, а сакаат здраво и убаво да се хранат. Долго време, можеби повеќе од две години се подготвувавме и работевме напорно на создавање на брендот Фантазија. Тргнавме од идејата дека сакаме да имаме здрави производи што ќе се подготвуваат за кратко време, а ќе бидат наменети за сите оние кои сакаат повеќе време за себе и дружење со најблиските”, изјави Глигор Цветанов, извршниот директор на Mакпрогрес Виница.

kolaci

Со своите континуирани инвестиции и висока стапка на раст, Макпрогрес повторно го потврдува својот епитет на една од најголемите прехранбени индустрии во Република Македонија, на иновативна компанија, којашто ги следи потребите на потрошувачите и којашто создава високо конкурентни брендови што можат да се носат со останатите на конкурентните светски пазари.

Макпрогрес е и една од најуспешните извозно ориентирани компании, чии производи се продаваат на пазарите во над 55 држави во светот.  Компанијата придонесува кон севкупниот развој на домашната економија, со амбициозна цел, до 2020 година да го зголеми производниот капацитет двојно од оној во 2014.