Акционерското друштво Макпромет од Штип ја заокружи 2015 година со добивка од 8.875.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период лани, компанијата оствари вкупна сеопфатна добивка од 1.647.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во 2015 година беа на ниво од 17.930.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 17.009.000 денари, додека остатокот од 921.000 денари е остварен на странски пазари.
Во 2014 година, вкупните приходи од продажба достигнаа 20.699.000 денари, коишто во целост се реализирани на домашен пазар.