Макрон и даде повеќе време на Велика Британија за решавање на спорот околу риболовот

16

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција дала нов предлог за ублажување на спорот со Велика Британија за правото на риболов и дека разговорите меѓу двете страни ќе продолжат денеска, по истекот на рокот што Париз го постави за воведување санкции.

Макрон во неделата потврди дека Франција и предложила на Британија начин на кој може да заврши спорот за правото на риболов, велејќи дека „топката е во дворот” на британскиот премиер Борис Џонсон.

„Ја сакам Британија исто колку што премиерот Џонсон ја сака Франција. Не сакам да ескалира. Мора да бидеме сериозни“, изјави Макрон на прес-конференцијата по самитот на Групата 20 најразвиени светски економии во Рим и истакна дека не сака да користи одмазднички мерки бидејќи тоа нема да им помогне на француските рибари.