Макстил го презентираше системот за отпрашување

29

Министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми присуствуваше на презентацијата на системот за отпрашување, кој треба да биде инсталиран во производствените погони на Макстил АД.

Инсталирањето на овој систем е дел од исполнувањата на обврските од Оперативниот план за добивање на А-интегрирана дозвола на оваа инсталација.

Во оваа прилика Адеми ги повика раководствата на компаниите, кои треба да ги исполнат обврските за обезбедување на еколошките стандарди согласно Законот за животна средина, да преземат конкретни чекори и целосно да ги исполнат оперативните планови до 1 април 2014 година, без разлика дали Владата ќе одлучи да го пролонгира рокот или не.

Реализацијата на проектот се очекува да започне во март, а инвестицијата ќе чини околу 10 милиони евра.

Со реализација на системот за отпрашување, емисиите на гасови ќе се контролираат и ќе се испушта филтрирана фугитивна емисија. Вака контролираниот испуст отвора можност за мониторирање кое, исто така, е обврска произлезена од постојната законска регулатива за заштита на животната средина.