Макстил прокнижи добивка од 82,3 милиони денари во 2020 година

62

Макстил минатата година ја заокружи минатата година со вкупна сеопфатна добивка од 82.351.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2019 година, металуршката компанија евидентираше добивка од 16.112.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на крајот на минатата година изнесуваа 3.953.828.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 771.446.000 денари, додека поголемиот дел од 3.182.382.000 денари е продажба на пазари во странство.

“Оствареното производство на дебели лимови во 2020 во производниот погон Валавница изнесува 236.522 тони што споредено со 264.608 тони во 2019 претставува намалување од 10,6%, додека во однос на поставениот производен план за годината (273.444т.) претставува намалување од 13,5%. Оствареното производство на сопствен челичен полуфабрикат, челичански слабови во извештајниот период е 179.833т. што споредено со 239.252т во 2019 претставува намалување од 24,8%, додека во однос на планираното производство за годината (220.000т.) претставува намалување од 18,3%.

Реализацијата  на топловаланите дебели лимови во количински показатели е 241.293т., што споредено со 255.740т. во 2019 претставува намалување од 5,6%“, стои во Образложението на остварените финансиски резултати.

Фото: Facebook