Макстил прокнижи добивка од над 72 милиони денари во првиот квартал

58

Макстил првиот квартал од оваа година го заврши со добивка од 72.137.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период минатата година, компанијата прикажа добивка од 3.542.000 денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно 31-ви март оваа година беа на ниво од 1.328.860.000 денари, од нив на домашен пазар отпаѓаат само 113.164.000 денари, додека поголемиот дел од 1.215.696.000 денари е реализиран на странски пазари.

Фото: Facebook