Макстил прокнижи нето добивка од над 2,4 милиони денари

9

makstil1

Технолошкиот гигант Макстил оствари нето добивка од 2.414.000 денари во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, покажува Билансот на успех на компанијата објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, Макстил евидентираше нето добивка во висина од 3.138.000 денари, што претставува намалување од 724.000 денари.

За девет месеци, компанијата оствари приходи од продажба во висина од 3.503.699.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 542.431.000 денари, додека остатокот е реализиран на странски пазари.

Во првите девет месеци од 2013 година, вкупните приходи на Макстил беа на ниво од 2.666.202.000 денари.