Макстил со добивка од 1,3 милиони денари во првото тримесечје

22

makstil

Металуршката компанија Макстил прикажа вкупна сеопфатна добивка за период од 01.01. до 31.03.2015 година во висина од 1.315.000 денари, стои во неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, вкупната сеопфатна добивка на Макстил беше во вредност од 7.781.000 денари.

Во првите три месеци од оваа година, вкупните приходи на Макстил се во висина од 811.300.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 648.269.000 денари, додека на странски пазари се реализирани 163.031.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на Макстил во првото тримесечје од минатата година беа на ниво од 868.617.000 денари.