Макстил со добивка од 1,7 милиони денари во првото полугодие

19

makstil1

Металуршката компанија Макстил првото полугодие од оваа година го заокружи со добивка од 1.718.054 денари, покажува Извештајот за работењето објавен на Македонска берза.

“Остварена е бруто добивка од 2.455.454 денари, односно нето добивка од 1.718.054 денари, што е значително поголема, иако недоволна за овој вид на бизнис, во споредба со истиот период минатата година кога изнесуваше 993.488 денари“, се вели во Извештајот.

Остварените приходи, како што се наведува, бележат намалување од 16,2% заради неповолната структура на испораките и помалото учество на сопствените продажби во однос на испораките по договор за преработка. Намалување бележат и трошоците при што е зголемена вредноста на завршните залихи.

“Половината од годината измина во крајно сложени услови кои во континуитет се одразуваат веќе седма година, изразени низ недоволно ниво на нарачки, пад на продажните цени, дополнително усложнети со некои состојби во самиот комплекс Железарница поврзани со водоснабдувањето на технолошките процеси“, се вели во Извештајот.

За втората половина од годината, од компанијата најавуаат позначителни промени на состојбите.