Макстил со добивка од 3,5 милиони денари ги заврши деветте месеци од оваа година

26

makstil

Металуршката компанија Макстил, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 3.569.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од 2016 година, компанијата работеше со добивка од 1.503.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со крајот на септември, имаа вредност од 3.937.406.000 денари. На домашен пазар компанијата пласираше производи во вредност од 714.402.000 денари, додека продажбата на пазари во странство се позиционираше на 3.223.004.000 денари.

Основна дејност на Макстил е обработка на челик, користејќи ги капацитетите на електропечки за производство на течен челик, леење на челик, топловалани лимови, производство на сурово железо, челик и феролегури, рециклажа на метални отпадоци, трговија на големо со метали и метални руди, трговија на големо со репродукционен материјал, трговија на големо со отпадоци и остатоци.