Макстил за шест месеци оствари 1,2 милиони денари добивка

60

Макстил со добивка од 1,2 милиони денари го заокружи првото полугодие од оваа година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – јуни оваа година, Макстил прикажа вкупна сеопфатна добивка од 1,8 милиони денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно 30-ти јуни оваа година достигнаа вредност од 2.578.233.000 денари. Од тој износ, на домашен пазар се реализирани 411.242.000 денари, додека поголемиот дел од 2.166.991.000 денари е остварен на пазари во странство.

Фото: Pixabay