Макстил за три месеци прикажа добивка од 883.000 денари

21

Металуршката компанија Макстил во текот на првите три месеци од 2017 година оствари вкупна сеопфатна добивка од 883.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првото тримесечје од 2016 година, компанијата евидентираше добивка од 2.164.000 денари.

“Реализирани се 65.951,4 тони лимови и остварени се вкупни приходи од 1.113.782.739 денари, споредено со првиот квартал минатата година кога беа реализирани 42.460,7 тони и остварени се вкупни приходи од 790.771.509 денари. Карактеристично за структурата на испораките во годинешниов прв квартал е помалата структурна застапеност на сопствените продажби, за сметка на испораките по договори за преработки, што има свој одраз и на висината на остварените приходи“, стои во Освртот на работењето на Макстил.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви март оваа година, достигнаа ниво од 1.088.165.000 денари. Од тој износ на домашен пазар се реализирани 234.913.000 денари, додека на странски пазар продажбата изнесуваше 853.252.000 денари.