Malaysia Airlines пред банкрот – дневно губи по 1,57 милиони долари

24

malaysia_airlines

Двете тешки авионски несреќи на малезискиот авио превозник Malaysia Airlines во последните четири месеци предизвикува зголемен пад на продажбата на билетите, што ќе ја принуди тамошната влада да ги забрза планот за итно спасување на овој национален авио превозник.

Авионот Boeing 777 на малезиската компанија, што сообраќал од Амстердам за Куала Лумпур, минатата недела се урна во источниот дел на Украина со 295 патници и членови на екипажот. Оваа катастрофа се случи четири месеци од мистериозното исчезнување на авионот на истата малезиска компанија.

Поради оваа трагедија, малезискиот авио превозник во првото тримесечје ја оствари најголемата загуба во изминатите две години. Државниот инвеститор Khazanah nasional Bhd, во чија сопственост се 69% од акциите, планира приватизација во рамки на првата фаза од реструктуирањето.

Банкротот е многу веројатна варијанта доколку не се преземе итна акција, смета банкарскиот аналитичар Махшин Азиз, од Maybank со седиште во Куала Лумпур. Тој смета дека националниот авио превозник би можел да остане без пари за околу една година бидејќи дневно губи од 1,57 милиони долари.

Акциите на Malaysia Airlines се во континуиран пад и се во близина на ниското рекордно ниво. Акциите загубија скоро 85% од вредноста во изминатите пет години, а само за еден ден нивната вредност падна за 18%.