Мали и големи: Македонија е 50-та најмала држава во светот

77

Колку мала е најмалата земја во светот? Се протега на површина од само 0,49 квадратни километри и станува збор за градот држава Ватикан. Македонија, со површина од 25.713 квадратни километри е 50-та најмала држава во светот, од вкупно 100 на број, покажува анализата на Title Max.

Меѓу 10-те најмали држави во светот се најдоа и: Монако (2,02 квадратни километри), Науру (21 квадратен километар), Тувалу (26 квадратни километри), Сан Марино (61 квадратен километар), Лихтенштајн (160 квадратни километри), Маршалови острови (181 квадратен километар), Сент Китс и Невис (261 квадратен километар), Малдиви (300 квадратни километри) и Малта (316 квадратни километри).

Од земјите во регионот, се најдоа: Црна Гора (39-то место со 13.812 квадратни километри), Словенија (45-та со 20.273 квадратни километри), Албанија (55-то место со 28.748 квадратни километри), Босна и Херцеговина (70-та со 51.209 квадратни километри), Хрватска (едно место подолу со 56.594 квадратни километри), Србија (84-та со 88.361 квадратен километар), Бугарија (92-ра со 111.002 квадратни километри) и Грција (100-та со 131.957 квадратни километри).

За сметка на “малите“, најголеми држави според површината што ја зафаќаат се овие 10:

Русија (17.098.246 квадратни километри), Канада (9.984.570 квадратни километри), Кина (9.596.961 квадратни километри), САД (9.525.067 квадратни километри), Бразил (8.515.767 квадратни километри), Австралија (7.692.024 квадратни километри), Индија (3.287.263 квадратни километри), Аргентина (2.780.400 квадратни километри), Казахстан (2.724.900 квадратни километри) и Алжир (2.381.741 квадратен километар).

Фото: Pixabay