Владата на Малта соопшти дека ќе одвои 50 милиони евра за ваучери со цел зголемување на потрошувачката во земјата.
Предвидено е да се доделат по 100 евра на секој граѓанин постар од 16 години, за да се врати економијата погодена од пандемијата.
Додека многу европски влади бараат начини да ја вратат довербата на клиентот преку разни иницијативи, Малта се истакнува во дистрибуцијата на ваучери за готовина.
По слична шема на островот минатото лето, министерот за економија Силвио Шембри рече дека ваучерот од 60 евра може да се потроши во ресторани и туристички капацитети, а ваучерот од 40 евра во продавници и други услуги. Ваучерите ќе ги примаат околу 25.000 компании.
“Ова е мерка што ќе влијае на сите, компаниите, семејствата и работниците“, рече премиерот Роберт Абела.
Малта, која се обидува да ја поттикне туристичката потрошувачка, минатиот месец им понуди на туристите до 200 евра доколку останат најмалку три дена на медитеранскиот остров. Сумата зависи од рангот на хотелот во кој престојуваат туристите.
Продавниците и несуштинските услуги во Малта се отворија минатиот месец, откако пандемијата во земјата беше ставена под контрола.
Стапката на инфекции и смртност е најниска во Европската унија, според Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) во четвртокот.
Бројот на заразени за 14 дена на 100.000 жители е 25.26. Островот забележа само два нови случаи на коронавирус во четвртокот. Малта исто така има највисока стапка на вакцинација во Европа со 67 % од возрасните и изложените на ризик примаат барем една доза, покажаа податоците на ECDC.











