Малта се предомисли: Карантин наместо забрана за влез на невакцинирани

62

Малта се откажа од одлуката да ги затвори границите за невакцинираните против коронавирусот, неколку часа пред да стапи на сила и одлучи наместо тоа да воведе карантин за оние кои не се вакцинирани, а сакаат да влезат во земјата.

“Луѓето кои доаѓаат на Малта, а немаат потврда за вакцинирање мора на одредено време да бидат во карантин“, објави официјална Валета.

Малта претходно најави дека ќе забрани влез во земјата за сите кои не се вакцинирани. Европската комисија ги повика властите да се откажат од таквата одлука.

На Малта е вакцинирано 79% од населението со две дози од вакцините.

Фото: Pexels