MAMA’S – најделикатесен производ во Чешка

63

Header_cover

Македонскиот прехранбен бренд MAMA’S беше дел од саемот за вино и деликатесни производи, што се одржа од 21 до 24 април во Прага, Чешка.

Производите на MAMA’S беа наградени и добија сертификат за висококвалитетни производи – Топ деликатеси. Ова признание се добива врз основа на споредбата со најдобрите три производи на чешкиот пазар, а наградата ја добива најквалитетниот во категоријата.

MAMA’S има дозвола да ги означи своите производи, кои ги извезува на чешкиот пазар, како топ деликатесни производи.

szd3mh