Бројот на членови во вториот столб во текот на 2014 година се зголеми за 6,6% во однос на 2013 година и изнесува 373.000 членови, што е 70% од вкупниот број на осигуреници на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, се вели во соопштението на агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.
“Во текот на 2014 година, во вториот столб беа уплатени околу 4,5 милијарди денари, коишто заедно со акумулираните средства беа инвестирани согласно законските прописи. Вредноста на средствата на задолжителните пензиски фондови, на 31.12.2014 година, во однос на 31.12.2013 година, порасна за 23% и достигна 33 милијарди денари или околу 537 милиони евра што е околу 6,28% од вредноста на бруто домашниот производ на Македонија“, се вели во извештајот.
Инвестициското портфолио на задолжителните пензиски фондови, како што се наведува, се состои од домашни инвестиции кои вклучуваат државни хартии од вредност 58%, депозити 11% и акции 3%, како и инвестиции во странство кои вклучуваат акции 5% и удели на инвестициски фондови 22%.
“Во текот на 2014 година имаше нешто помалку од 200 исплати од задолжителните пензиски фондови. Во најголем број случаи, тоа се должеше на остварените семејни пензии од страна на членови на семејство на починат член на вториот столб и остварени инвалидски пензии од страна на членови на вториот столб, поради што нивните акумулирани средства беа пренесени во Фондот на ПИОМ, којшто ја исплаќа семејната односно инвалидската пензија“, се вели подолу во соопштението.
Во изминатата година продолжи и зачленувањето на членовите во третиот столб.
“Бројот на членови во третиот столб во текот на 2014 година се зголеми за 10% во однос на 2013 година и изнесува околу 20.400 членови, од кои 69% се учесници во пензиска шема со професионална сметка. Членовите во третиот столб, во просек се повозрасни во однос на членовите во вториот столби, односно просечната возраст на членовите во третиот столб е 42 години“, се вели во соопштението на МАПАС.
Во третиот столб беа уплатени околу 164 милиони денари. Вредноста на средствата на доброволните пензиски фондови, на 31.12.2015 година достигна до 8,2 милијарди денари или околу 8,2 милиони евра, што претставува околу 0,10% од вредноста на бруто домашниот производ.