Новите лименки на Diet Coke ги дизајнираше Марк Џејкобс, еден од најжешките и највлијателните дизајнери на оваа генерација. Но, Џејкобс не е само креативен директор, туку е и актер во новата реклама во која се појавува разголен до појас.
Diet Coke годинава прославува 30 години од продажба во Европа преку кампањата насловена Sparkling Together for 30 Years.
Оваа ограничена едиција на Марк Џејкобс ќе им биде достапна на потрошувачите во западна Европа од следниот месец.