Што вели статистиката?
За 72% од луѓето кои се занимаваат со маркетинг и продажба, нивна најважна задача е следната година да ги претворат посетителите во клиенти.
За 35% добивање на одговор од потенцијален клиент во продажбата е многу потешко од пред две – три години.
Само 19% од купувачите се потпираат на продажни агенти кога треба да донесат одлука за купување.
Повеќе од половина или 66% од маркетарите веќе спроведуваат inbound маркетинг.
Речиси половина или 44% велат дека продажбата и маркетингот се во тесна релација.
Од нив 46% планираат да го додадат YouTube како канал за дистрибуација на содржина, 33% тоа го мислат за Facebook, 30% за Instagram, а 10% за Snapchat.
Дури 90% преферираат да работат со потенцијални клиенти и купувачи преку мејл, 41% се одлучуваат за социјални медиуми, а 21% за мобилни апликации.
Голем број или 83% користат LinkedIn за професионални цели, додека 90% го користат Facebook за приватни работи.
Кога се бара нова работа, 60% велат дека можноста за развој е нивна најголема грижа, 50% велат дека најважен е балансот помеѓу работата и приватниот живот, додека 44% потенцираат дека парите се причината.
Фото: Pexels