Што претставува inbound, а што outbond маркетинг?

135

Inbound маркетинг претставува процес на привлекување на луѓето пред тие да бидат подготвени да го купат производот или услугата што ја нудат. Користи алатки за креирање корисна содржина и етапно гради доверба, а со тек на време луѓето ги претвора во свои корисници.

Овозможува на соодветен начин да се привлечат најсоодветните корисници, што ќе ја добијат онаа содржина што најмногу им одговара. За да може да ја оствари сопствена цел, inbound стратегијата користи content маркетинг, SEO, маркетинг на социјални медиуми, блогови и слично. Тоа значи дека како алатки што најчесто ги користи inbound маркетингот се: пишување блог, создавање на таканаречена инфографика, правење интересни анализи и информации, испраќање newsletters и слично.

Спротивно на оваа стратегија, постои и таканаречен outbound маркетинг, којшто е дизајниран буквално да ги вознемирува луѓето за да им го привлече вниманието. Станува збор за прилично агресивна алатка што ги прекинува потрошувачите во некои нивни активности, како што се гледање филм, слушање музика, па и пребарување на интернет.

Outbound маркетингот ги користи традиционалните техники на огласување, како што се: телевизиски реклами, радио реклами, огласи во печатени медиуми, саеми, спам електронски пораки и слично.

Outbound маркетингот потешко може да се следи и е помалку профитабилен од inbound маркетингот. Но, сепак поголемиот број компании сепак го користат outbound маркетингот во својата стратегија.

Фото: Pixabay