МаркО – Вашето паметно другарче, достапно на Google Play Store

25

marko-app

МаркО – Вашето паметно другарче од денеска е достапно на Google Play. По успешното Бета тестирање, МаркО од денеска е достапен за сите корисници и љубители на Андроид паметните телефони и Андроид паметните часовници, бесплатно.

Колку пати ви се случило дури откако ќе стигнете дома да ви текне дека сте заборавиле да купите леб или да ги платите сметките, иако веќе сте поминале низ неколку продавници и низ неколку банки? Или дури и полошо, сте заборавиле да ја земете вашата помала сестра од градинка? Со МаркО тие денови се веќе минато. МаркО ќе ви помогне да станете попродуктивни и да ги завршувате вашите секојдневни задачи едноставно и ефективно. Тој ќе ви испраќа потсетување секогаш кога ќе бидете близу до местото каде што можете да ги завршувате вашите задачи.

Чекорите се многу едноставни – прво треба да креирате задача, на пример “Купи банани”, потоа ја означувате категоријата на местото од каде што можете да купите банини, на пример “Супермаркет” (што значи секој супермаркет што ќе го поминете на патот за дома), или пак да го внесете конкретниот супермаркет од каде што сакате да ги купите бананите. Откако ќе ги завршите овие два чекори, можете да се опуштите и да го оставите МаркО да се погрижи за останатото.

МаркО го решава и проблемот: “Секогаш правам сé, сам”, на начин што ќе ви овозможи да ги споделите вашите задачи со вашите пријатели, семејството, колегите…а исто така и ќе овозможи никогаш повеќе нема да ја изговорите реченицата: “Мамо ма, па и јас купив леб”.

Апликацијата наскоро ќе биде достапна и на App Store.

МаркО е изработена од Codewell, компанија за развој на мобилни апликација од Скопје.