Maserati го добива првиот хибриден модел веќе оваа година

11

Maserati е на чекор од голема промена која се очекува кај сите автомобилски компании. GranTurismo го доживеа целосниот животен циклус и ќе биде заменет со нов, целосно електричен автомобил. Иако не е познато дали овој модел е следниот новитет од Maserati кој ќе биде претставен, од компанијата открија дека наскоро можат да се очекуваат хибриди, plug-in хибридни електрични автомобили и целосно електрични возила.

Официјални потврди за тоа кога може да се очекува првиот хибрид или plug-in хибриден електричен автомобил (PHEV) се уште нема, но според Automotive News Europe, првиот модел од овој вид ќе пристигне побрзо од очекуваното – ќе биде претставен на 21 април 2020 година на Интернациналната автомобилска изложба во Пекинг.

Според најновите информации, „извор кој е запознаен со плановите на Maserati“ ги откри овие детали, но се уште не е разјаснето дали новиот модел ќе биде хибрид или PHEV и дали тие ќе бидат претставени заедно или посебно. Освен тоа, не се откриени детали за хибридниот систем на Maserati, па така не е познато кој мотор ќе биде користен во новиот модел.

Работниот план на оваа компанија, според официјалното соопштение, вклучува 10 нови или унапредени модели кои ќе се појават од годинава па се до 2023 година, па верзиите на моделите Levante и Quattroporte веројатно се веќе во изработка.

Ghibli ќе биде првиот модел на Maserati кој ќе биде преиначен во електричен, што е изненадувачки со оглед на светската популарност на теренските автомобили. Неговото име допрва треба да биде објавено, а после него ќе се појави ново теренско возило на оваа компанија.

Новите верзии на моделите GranTurismo и GranCabrio ќе бидат целосно електрични и исто така би требало да се појават оваа година.

Преземено од Avtoplus.mk