Maserati GranTurismo Zeda

32

Maserati со единствен примерок наречен GranTurismo Zeda, по повод крајот на 12-годишното производство на GranTurismo

На автомобилот уникатен е екстериерот во три бои, за којшто се погрижи Centro Stile Maserati, со преден дел обоен во традиционалната Maserati Blue боја и завршува со лесен сатенски финиш. Ова треба да го потенцира фактот дека GranTurismo Zeda е мост што ги поврзува минатото, сегашноста и иднината на овој бренд.

GranTurismo од неговото лансирање во 2007 година, е произведен во повеќе од 40.000 примероци. Под хаубата на овој автомобил нема промени и е придвижуван од 4,7-литарски V8 мотор развиен од Ferrari којшто испорачува 460 коњски сили.

Одлуката за тоа дали автомобилот ќе биде здржан во приватната колекција на компанијата или ќе оди во рацете на некој колекционер сеуште не е позната. Сепак овој автомобил ќе биде примерок кој означува почеток на нова ера за 105-годишниот италијански производител на автомобили.

Преземено од Avtoplus.mk