Maserati преку Project Rekall го враќа Shamal во 2020

15

Maserati влегува во една возбудлива нова ера со новиот MC20, а сега на социјалните мрежи објави фотографии од модерна интерпретација на Shamal.

Преку официјалниот Instagram профил Maserati Fuoriserie, италијанската компанија објави интересни дизајни за возило кое го нарекува Project Rekall, а претставува модерна интерпретација на Shamal. Автомобилот се одликува со ретро стил, а иако е тешко дека ќе везе во производствена фаза, мора да се напомене дека изгледа одлично.

За почеток, целосната форма на оригиналниот Shamal е задржена, што значи дека тука е истиот „коцкаст“ облик со остри линии и квадратни површини. Една од главните промени е поставувањето на нови LED фарови и дневни светла, додека предниот дел исто така се карактеризира со понагласен сплитер.

Дизајнерите на Maserati направија промени и на задниот дел со нови LED задни светла, поостар заден спојлер и нови издувни цевки. Автомобилот има и подигнат покривен спојлер и сет на нови седумкраки тркала.

Ентериерот на Project Rekall е во најголем дел исто како оригиналниот Shamal, но се карактеризира со некои промени, пред се забележливо со вклучувањето на дигитален инструмент кластер кој има ретро изглед и сет на карбонски седишта.

Maserati Fuoriserie профилот на Instagram не го промовира само персонализираниот програм на Fuoriserie на производителот, туку исто така прикажува и голем број на интригантни дизајнерски студии кои нема да влезат во производство, туку ја демонстрираат различноста на дизајните на брендот.

Преземено од Аvtoplus.mk