МАСИТ: ИКТ индустријата главен фактор за економски и општествен развој

23

masДенеска во хотелот Stone Bridge се одржа годишното Собрание на Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и официјално се одбележа 18 годишнината од основањето на комората.

Во рамки на настанот се одржа и јавна панел дискусија на тема Развојот на ИКТ индустријата  на којшто се обратија:

  • Претседателот на управниот одбор на МАСИТ, г-дин Горан Попоски,
  • Министерот за информатичко општество и администрација, г-дин Дамјан Манчевски,
  • Амбасадорот на Холандија во Македонија, г-дин Ваутер Пломп,
  • Директорот на мисијата на УСАИД Македонија, г-дин Дејвид Атебери.

Панелот го водеше претседателот на собранието на МАСИТ, г-дин Драган Чепујноски кој во воведното обраќање пред присутните го истакна општествено – економското значење на развојот на ИКТ индустријата  и влијанието што овој сектор го има врз извозот и развојот на националната економија.

Попоски, претседателот на управниот одбор на МАСИТ го акцентираше позитивниот тренд на зголемениот број на членки на комората, како јасен индикатор за позитивен колективен став на чинителите на индустријата во правец на креирање позитивни промени, легислатива и активни мерки кон зголемување на конкурентноста на домашните ИКТ компании на меѓународниот пазар и ја истакна соработката со македонската влада, холандската амбасада и УСАИД во тој правец.

Министерот за информатичко општество, г-дин Дамјан Манчевски истакна дека клучот за развој е надминување на пречките преку дигитализација и тоа преку обединување на сите општествени сегменти: академија, бизнис и влада. Исто така, Манчевски истакна дека транспарентноста на информациите е единствен начин за прогресирање во глобалниот свет. “

Науката и технологијата се обединуваат во проектот – Технолошки парк којшто ќе ги подржи малите и средни компании – проект на кој владата и вклучените страни активно работат,,, истакна Манчевски, објасувајќи дека овој проект ќе влијае на зголемување на вработувања и пораст на платите.

Манчевски најави и ре-ижинерирање на процесите со цел оптимизација и подобрување на функционалноста на услугите кон граѓаните и бизнисите, преку модел на one –stop услуга.

Панел дискусијата беше збогатена со конкретни примери од ИКТ инудстријата на Холандија од страна на холандскиот амбасадор, г-дин Пломп кој истакна дека е инспириран од македонската ИКТ индустрија и потенцираше дека не постои разлика во квалитетот на услугите кои ги нудат македонските ИКТ компании од странските.

Директорот на мисијата на УСАИД за Македонија, г-дин Атебери ја потенцираше плодната соработка на МАСИТ и УСАИД, и при тоа истакна дека од 2003тата година па се до денес има препознатлива прогресија во равојот на македонската ИКТ индустрија и е горд што УСАИД е катализатор на дел од тие позитивни процеси.

Веднаш по панел дискусијата, започна работниот дел од Собранието на МАСИТ.

Денес, МАСИТ брои 77 членови од ИКТ индустријата во Македонија, многу воспоставени партнерства, како и портфолио од значајни проекти од областа на економија, легислатива, извоз и развој.

Во улога на единствена ИКТ комора во Македонија и регионот, МАСИТ продолжува да гради партнерства, проекти и клима за уште подобро развивање на ИКТ индустријата и подобрување на конкурентноста на македонските ИКТ компании на светскиот пазар.