МАСИТ: Избрано е ново раководство со мандат 2022 – 2025 година

75
MASIT

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ Скопје, на 18.03.2022, во хотел Александар Палас го одржа своето 16-то Редовно Годишно Изборно Собрание, на кое беше избрано новото раководство на комората со мандат март 2022 – март 2025 година.

За Претседател на Управниот одбор е избран г-дин Илија Господинов од компанијата Ендава, a Заменик Претседател на Управниот одбор е г-ѓа Весна Иваноска од компанијата Сеавус едукативен и развоен центар. 

На редовното Изборно Собрание беше избран и нов Претседател на Собранието на МАСИТ, Г-ѓа Анета Антова Пешева од компанијата Унет, а воедно беа избрани и нови членови на Управниот Одбор, Надзорниот Одбор и Судот на честа. Истите се наведени во продолжение:

Членови на Управен одбор на МАСИТ се:

  1. Илија Господинов, Ендава, Претседател на Управен одбор
  2. Весна Иваноска, Сеавус едукативен и развоен центар, Заменик Претседател на Управен одбор
  3. Благој Христов, Македонски Телеком
  4. Горан Петревски, Ассеко СЕЕ
  5. Дамјан Манчевски, Мак Систем Софтвер
  6. Драган Чепујноски, А1 Македонија
  7. Ненад Чубриновски, Инплеер
  8. Роберт Павлов, Мусала софт
  9. Софче Јовановска, Скеил Фокус

Членови на Надзорен одбор на МАСИТ се:

  1. Миле Стоиловски, Брансис, Претседател на Надзорен одбор
  2. Горан Митев, Едусофт,
  3. Илија Мишов, ИТ Лабс

Членови на Суд на честа на МАСИТ се:

Теди Цоневски, Неотел, Претседател на Суд на честа

Викторија Дранговска, Коде ИТ Солушнс

Дашмир Истрефи, Хојо Тек

Новото раководство на МАСИТ во претстојниот мандат ќе има неколку стратешки приоритети за зајакнување на позицијата на комората и заштита на интересите на ИКТ индустријата:

  • воспоставување на редовен процес за следењена состојбите и растот на ИКТ индустријата;
  • соодветно лобирање на интересите на ИКТ индустријата пред надлежните институции со пренесување на проблемите и понуда на предлог решенија;
  • зајакнување на комората со воведување на нови и проширени услуги кон членството;
  • зајакнување на координацијата помеѓу приватниот сектор, јавниот сектор и образованието (формално и неформално) со цел адресирање на предизвиците поврзани со работната сила;
  • промовирање на ИКТ индустријата икомпаниите членки.