Маск ги исмејува шпекулантите, за неколку часа продаде црвени сатенски шорцеви

170

Веб-страницата на компанијата Tesla неодамна беше недостапна на кратко време, бидејќи извршниот директор Илон Маск најави продажба на црвени сатенски шорцеви во лимитирано издание, исмејувајќи ги шпекулантите кои се обложуваа на пад на акциите.

Таканаречените short-sellers користат сложени берзански инструменти за да шпекулираат за падот на вредноста на акциите на некоја компанија, позајмувајќи акции што потоа ги продаваат, сметајќи на тоа наскоро да ги купат по пониска цена и да заработат на разликата.

Освен во случајот на неколку краткорочни грешки на Тesla, тие претежно останаа во минус, што пак води до скок на цената на акциите. Основачот на Tesla сака да ги испровоцира јавно и повеќе пати кажа дека таквата практика треба да биде нелегална.

Ограничената понуда, достапна за “само 69,42 долари“, се распродаде за само неколку часа откако Маск ја објави на Тwitter.

Покрај логото на Tesla од предната страна, на шорцевите од задната страна пишува S3XY што се однесува на моделите S, 3, X и Y на Tesla.

Фото: Facebook