
Американскиот милијардер Илон Маск денеска обвини хакери од Русија дека извршиле сајбер напади врз опремата на сателитската мрежа Starlink.
„Starlink досега се спротивставуваше на руските обиди за сајбер напади и попречување на сајбер војната, но тие ги засилуваат своите напори“, напиша Маск на Твитер, пренесе РИА Новости.
Starlink е сателитска мрежа дизајнирана да обезбеди поширок пристап до Интернет насекаде во светот, а проектот беше лансиран од SpaceX во февруари 2018 година.