Маск го спушти Безос на земја и му порача: “Не може да се покрене…“

88

Вселенската трка на двајцата најбогати луѓе во светот во вторникот доби нови размери, откако првиот човек на Теsla, Илон Маск, ги исмеа обидите на Џеф Безос да ја оспори неговата голема зделка со НАСА.

Како што пренесува Reuters, дваjцата милијардери кои се обидуваат да лансираат орбитални ракети со долг дострел се борат за атрактивен договор со американската влада за изградба на вселенски брод кој ќе превезува астронаути на Месечината, можеби уште во 2024 година.

Маск победи во овој бизнис, а Безос не беше задоволен од исходот, па неговата компанија Blue Origin во понеделникот се жалеше до надлежната владина канцеларија обвинувајќи ја американската вселенска агенција НАСА за промена на условите на тендерот во последен момент.

Маск, кој исто така управува и со SpaceX, возврати на Twitter: “Не може да се покрене (да орбитира), умирам од смеа”.

Blue Origin заостанува далеку зад SpaceX и United Launch Alliance (ULA) во транспортот до орбитата што резултираше со загуба на милијарди долари вредни договори за лансирање од 2022 година.

Фото: Facebook