Маск контролира една четвртина од сателитите во Земјината орбита

59

Компанијата Space X и нејзиниот извршен директор, Илон Маск, сега контролираат повеќе од една четвртина од активните сателити што кружат околу Земјата, во рамки на мисијата Starlink.

Според податоците, во овој момент во Земјината орбита се наоѓаат 946 сателити на Starlink, што е 27,3% од вкупниот број на активни сателити околу Земјата.

Доколку Space X продолжи со вакво темпо, до крајот на следната година тој однос би требало да надмине 50%. Space X, исто така, лансира повеќе од една петтина од ракетите во вселената.

Фото: Facebook