Маск на прв состанок со персоналот на Twitter по неговата понуда од 44 милијарди долари

66

Илон Маск ќе разговара со персоналот на Twitter оваа недела за прв пат откако ја објави понудата за стекнување на социјалната мрежа од 44 милијарди долари. Ова го објави „Гардијан“, повикувајќи се на извор од компанијата, кој покажал е-пошта од извршниот директор на Twitter, Параг Агравал до вработените.

Средбата е закажана за овој четврток, а Маск ќе одговара на прашања директно поставени од вработените на Twitter.

Веста, која прв ја објави Business Insider, доаѓа откако минатата недела социјалната мрежа објави дека очекува акционерите да гласаат за планираната продажба до почетокот на овој август.

Портпаролот на Twitter потврди дека Маск ќе присуствува на генералниот состанок на компанијата оваа недела.

По понудата на милијардерот да ја купи компанијата, многу вработени во Twitter изразија стравување дека хаотичното однесување на Маск може да го дестабилизира бизнисот на социјалната мрежа, па дури и да и наштети финансиски.

Минатата недела,  Маск го предупреди Twitter дека може да се откаже од договорот за стекнување на компанијата доколку таа не ги обезбеди податоците за спам и лажните сметки, што ги бара. Во писмото до главниот правен директор на Twitter, адвокатите кои го застапуваат главниот извршен директор на Tesla велат дека тој верува дека компанијата „активно се спротивставува и ги попречува“ неговите права за пристап до податоците и информациите на компанијата според договорот.

Според адвокатите, одбивањето на социјалната мрежа да даде информации е „значително прекршување“ на договорот за зделка, што ќе му овозможи на Елон Маск да се повлече без да плати такса од 1 милијарда долари во случај на одбивање, евидентирано во договорот.